Лазаров: Сите скептицизми врзани за вирусот и вакцините се само од незнаење

238 прегледи

Во рамки на своето гостување во „Утрински брифинг“, Д-р. Ненад Лазаров, посочи дека граѓаните треба да се вакцинираат и изрази задоволство што граѓаните од почетокот до сега, многу посериозно го сфатија Ковид 19.

„Сите скептицизми врзани за вирусот и вакцините е само од незнаење. Треба сериозно во иднина да имаме здравствена едукација на луѓето, за во иднина да знаеме како да се однесуваме со некое слично зло“, истакна Лазаров.

На новинарско прашање, дали матичните лекари биле подготвени за кризата и дали имало протоколи, Лазаров вели:

„Не постојат подготовки на матични лекари, ниту се случија. Не постои протокол, ова лудило и хаос, и оставено е недиригирано целото здравство. Кај нас позади завесата, станавме како матични лекари компактни.“

Во однос на иницјативата и службата која ќе оди во домашна посета, и ќе прегледува пациенти, Лазаров вели дека цената ќе биде симболична, а ќе им се излезе во пресрет на граѓаните.

Слични содржини