250
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување на Канал 5 изјави дека седум пратеници од власта не го поддржале министерот за надворешни работи, Никола Димитров на вчерашната интерпелација и со ова ВМРО-ДПМНЕ го направиле првиот чекор кон уривање на власта.
Посочи дека ова отвора многу прашања во однос на стабилноста на владејачкото мнозинство и дека оваа интерпелација е „почеток на реализација на планот на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да резултира со рушење на оваа влада“.
– Клучното прашање кое мислам дека треба да се постави после вчерашната интерпелација е зошто седум пратеници од власта не гласаа за Никола Димитров, имено тој доби само 55 гласови од владејачкото мнозинство, а власта ја сочинуваат 62 пратеници, вели Николоски.