Денес, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе оствари работна средба во Албанија, каде ќе се сретне со тамошниот претседател, Илир Мета, шефот на албанската дипломатија, Олта Џачка, државниот министер за дијаспора, Пандели Мајко, како и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша.
Според информациите од прес службата на Министерството, пренесуваат дека на средбите ќе бидат разменети мислеља за состојбата, билатералната политичка и економска соработка, како и прашања од заеднички интерес за подобрување и продлабочување на односите меѓу двете земји.
На средбата ќе биде ставен фокус на идните активности и меѓусебната координација на планот на европската интеграција на двете држави и очекувањата во текот на португалското претседавање во првата половина од оваа година.
Во таа насока ќе бидат разгледани можностите за унапредување и на регионалната соработка, стои во соопштението.