Русија протера тројца дипломати на ЕУ

од Берта Китинска
248 прегледи

Русија протера тројца европски дипломати од Германија, Полска и Шведска, затоа што присуствуваа на нелегални митинзи за поддршка на уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални, пишува ЕУ Обсервер, повикувајќи се на извор во ЕУ.

Според информациите од порталот, тоа е сторено за време на прес-конференцијата на високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва.

Борел е во официјална посета на Москва.