„Спротивно на ветувањата на Шилегов за ревитализација и враќање во живот, езерото Треска стана жртва на урбаната мафија која ја штитат владата и лично градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека сега го уништува езерото заради бизнис интереси, Шилегов пред локалните избори на 2 октомври 2017 година ветуваше дека овој капитален проект ќе биде ставен во целосна функција и со полн капацитет со пречистителна страница која ќе ја направи здрава водата за скопјани.
Шилегов лажеше дека токму кај Езерото Треска ќе го префрли ноќниот живот, додека бесрамно ги лажеше скопјани дека луѓето кои немаат средства за годишен одмор, ќе им биде овозможено тука да ги минуваат летните денови.
Наместо тоа денеска гледаме илегален грабеж и руинирање на тоа што преставува државна сопственост и заедничко добро на сите граѓани.
Уништувањето на Езерото Треска со амин од Шилегов е уште една потврда за лажните ветувања и мафијашкото однесување на власта“, посочуваат оттаму.