Бројот на напади врз муслимани и исламски објекти во Германија се зголемил минатата година, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
„Минатата година властите забележаа најмалку 901 напад врз муслимани и исламски објекти, што е зголемување за два проценти во споредба со 2019 година“, рече Министерството за внатрешни работи како одговор на барањето на парламентарната група на Партијата на левицата во Бундестагот.
Во најголем број од нападите, почнувајќи од вербални и физички напади врз луѓе со муслимански обележја како што е традиционалната марама до антиисламските натписи на џамиите, учевствувале припадници на радикалната десница.
„Ова е само врвот на ледениот брег“
Во нападите биле повредени 48 лица, што, според весникот Neue Osnabrücker Zeitung (NOZ), е значително зголемување во споредба со 2019 година кога биле повредени 34 лица.
Внатрешнополитичкиот портпарол на партијата Левица, Ула Јелпке, смета дека официјалната статистика не дава реална слика за нападот врз муслиманите.
„Ова е само врвот на ледениот брег. Повеќето напади погодените не ги пријавуваат од срам или затоа што избегнуваат контакт со властите“, изјави Јелпке за NOZ.