Во своето гостување во „Само вистина“, лидерот на политичката партија „Интегра“, смета дека Владата не се справува соодветно со предизвиците од Ковид 19 кризата. Исто така, иако постои желба, постои недоверба и нетранспарентност вели, во сите процеси кои се прават по однос на ова прашање.
„Мене ме боли, тоа што премиерот на држава и Влада, оди во Бугарија коленичи и моли, што не покажува авторитет на државата. Се остава во тој поглед и простор за сомнеж за цените и набавката на вакцините. Јас не велам дека Владата нема желба да се справи со кризата, но тоа делува неубедливо кај граѓаните. Луѓето се во страв и паника, и како Влада треба да направите се, и да им покажете на луѓето дека сте искрени и транспарентни во намерите. За мене, целиот тој процес со кризата е нетраспарентен, неумешен и се создава сомнеж. Верувам дека медицинските работници и сите институции даваат свој максимум, но сметам и дека не треба да мислиме дека целиот памет е во СЗО. Оттаму можеби и можеме да понудиме своја експертиза, па светот да го следи нашиот пример“, истакна Ристовски.