По 61 ден борба, бебето кое се роди 800 грама на Клиниката за детски болести ќе се сретне со својата мајка

338 прегледи

Вистински херој од 800 грама, се роди во рамки на одделението за Интензивна нега при Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје.

Ова е едно од најмалите бебиња, родени во последните години, а медицинскиот персонал се грижи за него 61 ден.

Ова е бебе од Куманово родено со 845 грама, во 25. недела од бременоста на родилката. Сега е веќе тешко килограм и 550 грама и се подготвува да се сретне со својата мајка на одеелнието за Неонтологија.

Директорката на Клиниката, проф. Д-р Аспазија Софијанова, вели дека е особено горда на нејзините колеги, кои два месеци бдеат над бебето.

– Станува збор за бебе со многу мала родилна тежина и со многу очекувани здравствени предизвици. Ова не е најмалото бебе за кое сме се грижеле, но е најмалото во последните неколку години. Кога го донесоа од Куманово имаше 845 грама, помина време на респиратор, па полека учеше да дише. Со гордост можам да кажам дека станува збор за едно посебно бебе, херој, жилаво, храбро, едноставно не се дава. Нејзиното име значи пролетен дожд, а за нас и за нејзиното семејство таа е секако симболичо е пролет, нов живот, се буди и живее понатаму. Особено сум горда на тимот од интензивната нега кој се грижеше за бебето, секоја чест, вели директорката Софијанова.

Слични содржини