Добро е што за прв пат имаме оценки дека ДКСК не е под закрила и контрола на власта и тоа е еден огромен напредок, кој досега не сме го имале, изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата, на „Утрински брифинг“.
-Се она што правевме овој период е да ги обезбедиме сите услови за ДКСК, со дупло зголемен буџет, со решен проблем за софтверското решени, за да имаме електоронски регистар и можност да се поднесуваат пријавите. Просторот не бил решен две години, но и тоа го решивме со обезбедување на соодветен простор. И сега многу работи кои и во последниве 30 години не биле направени, а сега се отворени и има полиичка волја за нивно решавање и сакаме да ги отовриме темите за кои никој не зборувал во минатото, излегува да на некого му смета. Им сметаме на криминалните структури во судството, на сваровски судиите кои сакаат државата да ја држат заробена, изјави Николовски.