Османи на работна средба во земјите од Бенелукс

238 прегледи

Министерот за надворешни работи на С.Македонија, Бујар Османи утре ќе замине во работна посета на Луксембург, каде ќе оствари средба со тамошниот шеф на дипломатијата, Јан Аселборн, како и претседателот на Парламентот, Фернан Етген, претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи, Ив Круктен.

Од таму, според информациите на МНР, Османи ќе замине во Белгија, на исто така работна средба.

„Покрај билатералните односи со земјите на Бенелукс, акцент на разговорите ќе биде ставен на европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот за ЕУ за почеток на преговорите за членство“, велат од МВР.

На средбите се очекува да се разменат информации и за актуелните состојби поврзани со пандемијата со Ковид-19 и соработката на тој план, во функција на поскоро надминување на оваа глобална здравствена криза.

 

Слични содржини