Црна Гора го враќа полицискиот час: Црн рекорд во Европа по бројот на заразени

од Nikola Popovski
187 прегледи

На територијата на Црна Гора е забрането напуштање на станбените објекти од 21 до 5 часот наутро, како и меѓуградски сообраќај за време на викендите, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ.

Според новите мерки на Министерството за здравство, угостителските објекти ќе бидат отворени до 18 часот.

Според Галиќ, специјалните мерки ќе бидат воведени во општините Будва и Тиват поради посложената епидемиолошка состојба, пренесува РТЦГ.

Во Будва и Тиват се забрануваат јавни собири на отворено и затворено, забранета е работа во угостителски објекти, компании кои се занимаваат со продажба на непрехранбени производи, а дозволена е работа на служби кои обезбедуваат услуги од јавен интерес.

Во овие општини, како што најави Галиќ, работата во образовните институции – градинки, училишта, факултети – е прекината, а часовите и предавањата ќе се одвиваат преку Интернет.

Втора недела по ред, Црна Гора има најголем број нови инфекции на 100.000 жители меѓу 45 европски земји.

Слични содржини