Прегазен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди

од Nikola Popovski
166 прегледи

МВР соопшти дека вчера во Скопје имало прегазен пешак, кој бил пренесен во болница со тешки повреди.

„Во утринските часови на 10 февруари во полиција било пријавено дека на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски одред“ во Скопје, автомобил „фиат типо“, управуван од М.Т. (65) од Скопје, удрил во 35-годишен пешак со иницијали Б.Т“, велат од полицијата, дополнувајќи дека во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини