„Фајзер“ за Тв24: Вакцините да се чуваат на безбедно и навремено да се транспортираат во соодветни услови

283 прегледи

Вакцините против ковид-19 треба да бидат безбедно чувани и навремено транспортирани во соодветни услови додека да пристигнат на пунктовите за вакцинација, велат од европското претставништво на производителот „Фајзер“ за Телевизија 24.

На прашањето дали земји кои набавиле вакцини смеат да ги донираат вакцините или пак да ги препродаваат на други земји како што е случајот со Србија и Македонија, од „Фајзер“ не даваат конкретен одговор, туку велат дека со задоволство разговараат и за вакцините што одредени земји сакаат да ги донираат на други земји.

„’Фајзер’ со задоволство прифаќа да се разговара за ковид-вакцината која одредени земји би сакале да ја донираат на други земји, каде вакцината веќе има добиено регулаторна дозвола или авторизација. Важно е вакцините да останат во рамките на утврдениот синџир на снабдување за да можеме да ги обезбедиме дозите да стигнат до предвидените популации во добра состојба и да се администрираат онаму каде што е соодветна поддршката за давателите на здравствени услуги и каде будноста во фармакологијата е во функција“, се вели во одговорот од „Фајзер“.

Тие додаваат дека имаат развиено детални логистички планови и алатки со кои се обезбедува транспортот, чување и постојаното следење на температурата.

Слични содржини