Болниците во Србија се повторно полни, пристигнуваат се посериозни случаи

од Nikola Popovski
234 прегледи

Бројот на хоспитализирани лица од Ковид-19 во Србија расте, изјави директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести, д-р Горан Стевановиќ, по средбата со министерот за здравство.

„Многу сме загрижени за ситуацијата. Имавме тренд на опаѓање, бројот на луѓе на болничко лекување се намали и благодарение на тоа, дел од тој систем, особено надвор од Белград, полека почнаа да излегуваат од Ковид-системот“, рече тој по денешната средба на директорите на болницата со министерот за здравство.

Според него, требало да биде истото со КБЦ „Бежанијска коса“, но сепак, лекарите не се сигурни сега дека болницата ќе го напушти тој систем во понеделник.

Сега, истакна д-р Стевановиќ, немаме можност да ги вратиме болниците во не-ковидниот систем, бидејќи бројот на приеми повторно расте.

„Она што сега нè загрижува е дека тие сега се пациенти со сериозни клинички слики, кои бараат се повеќе и подолго лекување и чиј исход е неизвесен“, предупреди д-р Стевановиќ.

Според лекарите, голем број на заразените лица имаат јасна конекција со слободни активности, како што се скијачките центри, спортските настани, одењето на планина.

„Знаеме дека на сите им е смачено од оваа состојба затоа што помина една година, но факт е дека и за нас во здравствениот систем оваа состојба трае веќе една година“, рече тој и уште еднаш апелираше до граѓаните на Србија да биде крајно претпазливи затоа што претстои продолжен викенд поради празникот Сретење, кој во Србија се одбележува како неработен ден.

„Ова е пресвртница“, заклучи д-р Стевановиќ.

Слични содржини