Во своето гостување во „Трилинг“, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, посочи за тоа каква е состојбата во македонското судство, но се осврна и на иницијативата за промена на Мицкоски од позицијата лидер на партијата и пописот за кој на јавноста и е познато дека опозициската партија собира потписи за негово ништење.
„Состојбата во Македонија е се полоша во сите сектори каде е присутно владеењето на правата. Со Владата на Заев според индексот на корупција, Македонија е на 111. место. И оттаму, кризата трае веќе 6 години, за што политичките елити потфрлија. Судиите и обвинителите постојано носат одлуки на претпоставки наместо на докази, со што се создава страв за правосудството во Македонија“, истакна Николоски.
Во однос на пописот и смената на Мицкоски на вонреден конрес, Николоски вели:
„Во однос на пописот,ВМРО ДПМНЕ смета дека треба да се има поддшка за да се укине вака поставениот попис поради времето и законот кој е активен а е надвор од Методологијата. Овојпат пописот е политичка, наместо статистичка операција. Во однос на иницијативата односно коалицијата Мериот, ме интересира зошто немаат кажано збор за владеењето на Зоран Заев. Оваа иницијатива инаку, за потсетување е надвор од Статутот. Оттаму, зошто во време кога и се случува фијаско на Владата по однос на многу прашања, се покренува ваква иницјатива? Одговорот е Заев да им каже на малите парламентарни коалициски партии, дека ги излажал и потфрлил“.