Во своето гостување вечерва во „Трилиг“, поранешната директорка на ДСЗ, Благица Новковска посочи дека се надева дека пописот нема да резултира со фијаско.Според неа, методологијата не е добра, и сугерира да биде одложен пописот.
„Оваа Методологија е всушност легализација на дивоградбите со демографски, социјални, економски податоци коишто се нарекуваат податоци во бази на податоци. Обесхрабрувачки е би рекла молкот на национално и меѓународно ниво околу оваа Методологија, затоа што не се води грижа за понатамошниот развој на националната статистика. Во спротивно, верувам дека таа ќе биде и меѓународно прифатена. Не би сакала во историјата на статистиките да има фијаска, само длабоко верувм дека ќе стартува тоа што јас го велам загриженост за тоа што ќе се случи понатаму со нашата статистика. За тоа колку лица ни заминале е тешко да се каже, по претпоставка некаде над 300.000 лица. Но, ако се почитуваат дефинициите, а сосема сум сигурна дека се изместени дефинициите, ние не би требало да очекуваме повеќе од 1.700.000 жители во С.Македонија“, истакна Новковска.