Досега вкупно 46.023 граѓани се пријавија преку онлајн апликацијата за вакцинација пртив Ковид 19, а преку матичните лекари се пријавени 13.511 лица.
Како што е познато, вакцинацијата ќе започне утре со здравствените работници за кои ќе бидат наменети прво пристигнатите вакцини од соседна Србија.
Вакцинацијата ќе се одвива во Модуларната болница на Клиничкиот центар, а први од здравствените работници ќе се вакцинираат вработените во Инфективната клиника.
Пунктот во модуларната болница каде има шест вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.
За потсетување, досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.