Претседателката на Претставничкиот дом на САД, демократката Ненси Пелоси, рече дека пратениците треба да формираат независна комисија со задача да ги разгледа „фактите и причините“ за смртоносниот напад на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз Капитол на 6 јануари.
Во писмото до американските законодавци, Пелоси рече дека Комисијата ќе биде направена по примерот на оној што ги истражува околностите на терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година и ќе има задача, меѓу другото, да изврши преглед на „фактите во врска со подготвеноста на полицијата и другите федерални, државни и локални безбедносни служби“.
„Она што се случи мора целосно да се испита“, рече сенаторот од Луизијана, Бил Касиди, еден од седумте републиканци кои гласаа за отповикување на Доналд Трамп.
Повеќе од еден месец по нападот врз зградата на американскиот Конгрес, во кој животот го загубија пет лица, комплексот на Капитол Хил го обезбедуваат повеќе од 5.000 припадници на безбедносните служби.