„Тоа што Србија одлучи да донира вакцини против корона за граѓаните во Македонија не ја покрива неспособноста на Филипче и Заев“, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека фактот е еден дека тие не можат да обезбедат вакцини за граѓаните на Македонија.
„Факт е дека двајцата само просат за вакцини кај стигнат. Требаше да има вакцини од Бугарија, од Грција, еве само Србија се смилува за првите 4680 дози. Требаше да има КОВАКС, од директни договори…Се уште ништо нема. И вакцини, од оние кои се донација од Србија, ќе има за медицинските лица на првата борбена линија со короната, ама кој знае до кога ќе нема за остантите. каде се останатите медицински лица, оние кои исто се првите борбени редови. Ако САД и претставници на Европската унија работат на договори за вакцини уште од лани од август тоа значи дека Филипче и Заев требаше уште многу порано да испланираат од каде и како ќе набавуваат вакцини. Очигледно приоритет им се само провизиите, а не здарвјето на граѓаните. И додека тие се грижат за провизиите Македонија се уште ја нема на листите каде се брои колку граѓани од една држава се вакцинирани. Македонија повторно е црна дупка и во светот и во Европа. За ова одговорност мора да има“, стои во партиското соопштение.