Вицепремиерот во Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи денес оствари средба со новата амбасадорка на Романија во земјава, Адела Монија Аксинте, на која беше разговарано евроинтегративниот пат на С.Македонија, како и економската соработка на двете земји, посочија од кабинетот на Битиќи.
Во рамки на средбата, Битиќи и честиташе на амбасадорката Аксинте за својата нова функција, и изрази очекување дека економската соработка ќе се продлабочи и дека Романија ќе сподели искуства од Европската унија, особено што С.Македонија е на пат за влез во Унијата.
Амбасадорката Аксинте потсети дека во оваа година 20-та годишнина од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Романија, а нагласи дека на врвот од приоритетите во текот на нејзиниот мандат ќе биде токму продлабочување на економските односи. Таа додаде дека Северна Македонија може да очекува целосна поддршка во евроинтеграцискиот процес од Романија, во секој можен аспект.
Инаку, Владата на С.Македнија креира целосна предвидливост, посочи вицепремиерот и додаде дека се креираат квалитетни економски политики за директна поддршка на инвеститорите, особено високо технолошките и извозно ориентирани компании, но и се унапредуваат царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на попозитивна деловна клима во земјата.