Вработен во Здравствен дом Прилеп, им се заканувал на колешките

од Берта Китинска
351 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 16:30 и 17:00 часот во ОВР Прилеп, 47-годишната З.Ш. и 55-годишната О.А., двете од Прилеп, вработени во Здравствен дом Прилеп, пријавиле дека околу 13:30 и 14:30 часот во Здравствен дом Прилеп, по претходно недоразбирање и расправија, В.Т. од Прилеп, исто така, вработен во Здравствен дом, се однесувал агресивно и им упатил закани по животот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Слични содржини