МЖСПП: Задолжително почитување на стандардите за цврсти биогорива и за производители и за трговците

333 прегледи

Министерството за економија согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучи стандардите за цврсти биогорива во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден, и тоа на барање на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според информациите на МЖСПП, со објавената вака дополнета листа во Службен весник, од 2. февруари годинава овие стандарди стануваат задолжителни, како за производителите, така и за трговците.

„На тој начин се воведува регулирање на квалитот на цврстите горива што се користат во државата, со што ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, на животнта средина и на здравјето на луѓето“, се вели во соопштението од МЖСПП.

Слични содржини