Богојески за „Монструм“: Нарачателот на убиството е се уште на слобода тој може и вечерва да го направи истото

од Берта Китинска
246 прегледи

Петар Богојески од Македонски концепт, во емисијата „Само Виситна“ на прашањето за тоа дали му се извинил на Цветан Стефковски братот на едниот од петтмината  убиени кај Смилковско езеро, во однос на тоа што преку свој став пробал да ги најде мотивите за убиството, тој изјави дека неговиот коментар и лично мислење бил насочен кон организираните протести за „Монструм“.

-Ние сме интересно општество не гледам потреба за извинување јас реагирав на протестите за „Монструм“ кои беа направени на начин не да се побара правдата за убиените деца туку да се вулгализира настанот и да добие една партиска и вреска боја. На овие протести се користеа нетолерантни извици и беа организирани  по молитвата  во џамија, со овој чин се покажа славење на убиството на децата  јас тоа така го доживеав. Многу познаници Албанци ми укажуваа дека тоа не е така, покрај тоа во месинџер добив преку сто закани поради мојот став. Јас овие закани не ги пријавив, а и не сум заштитен политичар кој ќе плаче во МВР. Смртта на рибарот и децата  политички се злоупотреби и поради што истите лица беа ослободени па сега беа повторно осудени значи имаме игра со трагедијата и со жртвите. Секое убиство има извршители, мотив и нарачател. Не видов некој во јавноста да се праша кој е нарачателот , а има многу мотиви. Едниот  е од урбаната мафија, а другиот  е терористички чин на Велики четврток. Нарачателот  е се уште на слобода тој може и вечерва да го направи истото. А,се додека не се најде ние не може да се соочиме со правна држава, вели Богојески.

Слични содржини