ХАОС ВО МАДРИД: Судир меѓу полицијата и демонстрантите кои се бесни поради апсењето на раперот Пабло Хасел! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
244 прегледи

Полицијата во Мадрид жестоко реагирала на масовните протести, втора вечер по ред, по апсењето на раперот Пабло Хасел.

Илјадници Мадриѓани излегоа на улиците во средата навечер во знак на протест против апсењето на раперот Пабло Хасел, кој беше уапсен во вторникот по судирот со полицијата на шпанскиот универзитет.

На снимката се гледа како групи демонстранти бегаат од полицијата.

Судејќи според снимките, демонстрантите не ѝ останале должни на полицијата, бидејќи и тие фрлале шишиња, вреќи со ѓубре, а можеле да се забележат пожари и на неколку места низ Мадрид.

Во Мадрид протестите беа свикани преку социјалните мрежи, а до судир со полицијата дојде на главниот плоштад Пуерта дел Сол. Градоначалникот на Мадрид Хозе Луис Мартинез Алмеида го осуди однесувањето на демонстрантите и ѝ изрази јавна поддршка на полицијата. Полицијата ги истурка демонстрантите од плоштадот користејќи ги штитовите и пендреците.

На раперот му се заканува девет месеци затвор поради славење на тероризмот и клевети кон кралското семејство и државните институции во твитови и песни. Тој го нарекол поранешниот крал Хуан Карлос „крадец и шеф на мафијата“, по обвинувањата за корупција.

Високиот суд во Шпанија се фокусирл на многу твитови на раперот, особено на оние каде наводно ја пофалил шпанската маоистичка терористичка група ГРАПО.

Слични содржини