„Отворањето на Младинскиот ресурсен центар „I can“ во Гостивар, прв од ваков тип во државата, а наменет за младите од Полошкиот регион, значи активирање на младите на пазарот на трудот и поттикнување на претприемачкиот дух“, објави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на отворањето на младинскиот ресурсен центар во Гостивар.
Според неа, овој центар ќе им даде шанса на иновативните бизнис решенија, ќе пружи поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, и ќе воспостави поблиска соработка на младите со приватниот сектор од регионот.
„Младинскиот ресурсен центар претставува модел на инклузивен, дигитален, иновативен и неформален центар за обуки, кој целосно ќе одговори на потребите на младите и нивно побрзо и поефикасно вработување, но и можност младите да бидат дел од претприемачката сфера“, стои во објавеното.