Институциите молчат за дивоградбата кај Мавровка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
433 прегледи

„Никој не кажува ништо за случајот со дивоградбата кај Мавровка, одговорност нема, институциите молчат. А Љупчо Николовски како најповикан, е зафатен очигледно со зголемување на профитот на сопствената фирма“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека корупцијата цвета, а Македонија се најде на 111 место на листата на корупција на Транспаренси Интернешенал, а Економист не стави во групата на земји, хибридни режими, Љупчо Николовски, кој држи вицепремиерско место за борба против корупцијата е зафатен со зголемување на профитите на својата фирма, кој успеал за една година да го зголеми за 2100%.

Нормално дека немаме поголем ефект на полето во борбата против корупцијата, зголемување на профит на фирма за 2100% е тешка работа, и вицепремиерот Николовски требал да се посвети целосно на тоа. Можеби по примерот на Коста Петров ќе напише и книга и ќе им објасни на македонските стопанственици и граѓани. како во услови на пандемија кога 6200 фирми ставија клуч на врата, а 55.000 граѓани останаа без своето работно место неговата фирма книжи профит зголемени за 2100%?!

Граѓаните имаат право да знаат! Ја повикуваме уште еднаш ДКСК да не спие, и да отвори случај против Љупчо Николовски за можни злоупотреби на функцијата. Одговорност мора да има“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини