Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, д-р Предраг Кон, изјави денес дека приливот на пациенти со коронавирус во болниците мора да се запре, бидејќи лекарите и медицинскиот персонал се исцрпени.
На прашањето дали ќе бидат засилени постојните мерки, Кон рече дека за ова сè уште не се разговарало, но дека во медицинскиот дел на Кризниот штаб постои мислење дека мора да постои одредено видливо заострување, бидејќи зголемувањето на бројот на новозаразени претставува дополнителен ризик на кој треба да се реагира.
„Останува работното време, останува однесувањето за време на викендот – ова се работи за кои треба да се разговара“, вели Кон за ТВ Прва и додава дека допрва ќе се види.
„Едвај по 3.000.000 вакцинирани лица можеме да зборуваме за излегување од пандемијата, но сепак ја гледаме светлината на крајот на тунелот бидејќи бројот на вакцинирани лица се зголемува“, посочи епидемиологот.