Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашното собирање на 25.000 потписи против закажаниот попис на населението, денеска очекува таа бројка да достигне 40.000 потписи, а до завршувањето на целата оваа акција, која што ќе трае 21 ден, неговата партија да собере „многу над 100.000 потписи“.
„Сето тоа покажува дека народот, граѓаните на Македонија, македонскиот народ и сите останати кои што живеат во Македонија не се согласуваат со ваков попис, со попис кој што е политички, а не статистичка, попис кој што не ги почитува правилата на Евростат, попис кој што значи дискриминација и попис кој што значи политички договор“, вели Николоски.
Таков попис, според него, не смее да помине и затоа македонските граѓани од сите градови и села се потпишуваат втор ден за закон за поништување на законот за попис.