Кинезите потрошиле 127,5 милијарди долари за Лунарната Нова година

од Берта Китинска
235 прегледи

Прославата на Лунарната Нова година беше одбележана на 12 февруари ширум најнаселената земја во светот и на глобално ниво каде и да живеат припадници на кинеската нација. Исто така познат како Пролетен фестивал, Лунарната Нова година е периодот кога Кинезите патуваат најмногу, ги посетуваат своите семејства, но и трошат најмногу.

Според статистичките податоци на Министерството за трговија на Кина, потрошувачката значително се зголемила за време на Пролетниот фестивал.

Прометот на трговските и угостителските компании во Кина се зголеми за 28,7 проценти во споредба со истиот период минатата година и достигна 821 милијарда јуани (околу 127,5 милијарди американски долари) за време на седумдневниот празник.

Најголем раст оствари продажбата преку Интернет, пред се доставата на храна, со пораст од 135 проценти во споредба со Пролетниот фестивал минатата година, објави Кинеската медиумска групација (CMG).

Продажбата на производи за време на празниците забележа раст од 54,9 проценти.

Поради спорадичната појава на случаи „Ковид-19“, кинеските власти ги охрабрија граѓаните да останат дома или на местата каде што работат за време на празниците, со цел да се намали ризикот од инфекција за време на патувањето.

Кинеската економија го продолжи трендот на закрепнување и покрај фактот што милиони луѓе одбраа да го слават празникот во градот каде што работат.

Плаќањата преку Интернет на двете главни платформи „China Union Pay“ и „NetUnion“ изнесуваат 6,36 трилиони јуани (околу 985,5 милијарди долари) во периодот од 11 до 17 февруари.

Приходите во угостителскиот сектор за време на празниците се зголемија за 5,4 проценти во споредба со истиот период минатата година, што укажува на закрепнување и дека овој сектор се враќа во периодот пред пандемијата, пишува CGTN.

Главните кинески пристаништа беа полни за време на празниците, поради силното закрепнување на кинеската економија, додека протокот на контејнери во големите пристаништа рапидно растеше, покажуваат најновите податоци на Здружението на кинески пристаништа. Во тој период, протокот на контејнери во пристаништето во Шангај се зголеми за повеќе од 20 проценти во споредба со 2020 година, додека протокот на контејнери во пристаништето Џушан се зголеми за 28 проценти.

Слични содржини