364
На автопатот во руската република Башкирија се судрија 39 автомобили, а 10 лица беа повредени, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во услови на силен ветер и слаба видливост, според агенцијата РИА Новости, како што јави „Танјуг“.
Во три области на таа руска република, неколку патишта беа затворени поради силна снежна бура.
Според предвидувањата, температурата во тој дел на Русија се очекува да се спушти на минус 35 степени Целзиусови.
Десятки машин попали в ДТП на заснеженной трассе в Башкирии. На заснеженной дороге, ведущей из Уфы в Оренбург, столкнулись около 30 автомобилей. pic.twitter.com/P8VfFuOhxM
— РЕН ТВ | Новости (@rentvchannel) February 23, 2021