Уште една држава стигна на Марс (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
207 прегледи

Кина објави дека нејзиниот вселенски брод Тиан-вен-1 денес влегол во орбитата на Марс, од каде ќе го одреди местото за слетување на својот истражувачки ровер во наредните месеци.

Кинеската национална вселенска служба објави дека вселенското летало ќе ги помине следните три месеци во орбитата на Марс пред да лансира модул со истражувачки ровер кој ќе ја сними површината на Црвената планета и ќе ја истражува со помош на специјални сензори.

Со тоа Кина и официјално стана втората земја која успешно стигна до Марс, откако американскиот истражувачки ровер „Упорност“ успешно слета на таа планета минатиот четврток.

И Американците и Кинезите ќе ги испитаат доказите за постоење живот на Марс.

Слични содржини