Захариева на средбата со Османи: Разговор за акцискиот план и договор за втора меѓувладина конференција

327 прегледи

Една од темите кои вчера беа дел од фокусот на средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Бугарија и С.Македонија, Екатерина Захариева и Бујар Османи, беше и акцискиот план за соработка.

Имено, двајцата се согласиле дека треба да се разгледа наскоро можноста за негово финализирање во рамки на договарањето на втората меѓувладина конференција.

По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови.

Како што соопштува бугарското МНР, Захариева на средбата ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови.

„Двајцата министри ја разгледаа заедничката работа за исполнување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година и разговараа за претстојното свикување на меѓувладината конференција, која ќе се одржи кога двете страни ќе го одобрат нацрт-протоколот. Бугарската страна посочи дека според Договорот од 2017 година, на идниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија треба да се направи целосен преглед на спроведувањето на Договорот, да се усвои годишен извештај за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и да се посочат конкретни идни активности за соработка“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Слични содржини