Спасовски до Јанушев: Вие сами не си верувате, вие сте срам и брука за државата

Во рамки на својот одговор на пратеничко прашање, министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски посочи дека тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, се демантираат една по друга или се исклучуваат една од друга. Ако некој со некого се договарал, за што се договарал, да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен? Никакви договарања нема и нема да има со било кого, а секој еден што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност.

Во врска со случувањата односно бегството на Мијалков, Спасовски од собраниската говорница му одговори на Игор Јанушев од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

„Апсолутно, ние и сега покажавме, а и од почетокот кога се отворија постапките дека правда мора да има за секого во оваа држава без разлика кој е тој и на каква позиција се наоѓа. И ова што сега го направија институциите со приведувањето на Мијалков и неможноста да избега од правдата. Впрочем никој не избегал од правдата и ниту еден од тие да избегаа и што правеле каква било штета на граѓаните и на држават, нема да избегне да се соочи со правдата. Во тој дел сите да бидеме на јасно“, посочи Спасовски.

Во однос пак, на правдата и постапките што се однесуваат на правдата, Спасовски му се обрати на Јанушев и му посочи дека тие се „најдобриот“ соговорник со кого би можела да се води ваквата дискусија.

„Осомничен за криминал и од СЈО и сега се води постапка во Јавното обвинителство, другар партиски, по криминал, другар по мафијаштво на Груевски и на Мицкоски, и сега за кого и во кого треба да се има верба. Криминалот и корупцијата се одлика на вашето време и времето во кое вие успеавте да воспоставите начин на функционирање во тој момент на режимот таков каков што беше. Тоа го кажувам само околу кредибилитетот, секогаш крадецот вика држете го крадецот и прашува зошто се водени такви постапки“, потенцираше Спасовски.

Слични содржини