Светската банка (СБ) го прекина финансирањето на проектите во Мјанмар, за кои пристигнаа барања за повлекување на средствата по воениот удар на 1 февруари, стои во писмото на оваа меѓународна финансиска институција испратено до Министерството за финансии на Мјанмар. Претседателот на Светската банка Дејвид Малпас минатата недела рече дека пристапот на банката кон Мјанмар е „крајно претпазлив“, но дека ќе продолжи да ги спроведува претходно започнатите проекти.
„Од 1 февруари привремено ги запревме плаќањата за проекти во Мјанмар и внимателно ја следиме и проценуваме ситуацијата“, објавено е на официјалната веб-страница на Светска банка, пренесува Ројтерс.
Директорот на Светска банка во Мјанмар, Марјам Шерман, информира за оваа одлука во писмо од тамошното Министерство за планирање, финансии и индустрија, потврди портпаролот на Светска банка за британската агенција.
На веб-страницата на Светска банка се наведува и дека банката ќе плаќа на добавувачи, изведувачи и консултанти од Мјанмар кои поднеле барања за повлекување пред 1 февруари.
Меѓународниот кредитор додаде дека воспоставува зголемен надзор над проектите што се веќе во тек, со цел да се обезбеди усогласеност со политиките на СБ.