Борбата против коронавирусот и потенцијалното доставување на руската вакцина „Спутник V“ во Австрија биле дел од прашањата за кои разговарале рускиот претседател Владимир Путин и австрискиот канцелар Себастијан Курц, соопшти прес-службата на Кремљ.
Во соопштението се вели дека двајцата официјални лица детално разговарале за прашањето за борбата против пандемијата, вклучително и можноста за доставување на вакцината во Австрија и заедничко производство.
– Партиите се согласија да одржуваат блиски контакти меѓу двете земји – се нагласува во соопштението.
Разговорот бил закажан на иницијатива на Австрија, јави ТАС С.
На 11 август 2020 година Русија ја одобри употребата на Спутник V и со тоа стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против корона.