Дозволена музика во живо, со работа започнуваат терасите на кафулињата и рестораните

од Берта Китинска
1,8K прегледи

Од денес, во Република Српска е дозволена музика во живо во угостителски објекти за сместување, храна и пијалоци, притоа почитувајќи ги епидемиолошките мерки, известува Независне новине, а пренесува Танјуг.

На 22 февруари, Штабот за вонредни ситуации ги продолжи другите претходно донесени мерки до 5 март, со цел да се спречи ширењето на вирусот корона.

Така, до 5 март работното време е ограничено од 6:00 до 22:00 часот за приредувачите на игри на среќа – обложувалници, клубови за автомати, казина, томбола, а од 22:00 до 06:00 часот, драгсторите можат да работат исклучиво преку продажба на шалтери.

Хрватска

Во Хрватска, од денеска, кафулињата и рестораните можат да ги отворат терасите и таму да ги послужуваат гостите, а можни се и тренинзи во затворени простории, но сето тоа според строгите епидемиолошки правила.

Како што најави во петокот шефот на Националниот штаб за цивилна заштита, министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, сите угостителски објекти ќе можат да им служат на гостите на отворени тераси, истовремено почитувајќи ги епидемиолошките мерки, пренесува Индекс.хр.

Работното време е од 6.00 до 22 часот, а работа е дозволена само во отворени делови од угостителските објекти. Исто така, потребно е да се обезбеди растојание помеѓу гостите кои не се од исто домаќинство. Растојанието помеѓу столиците треба да биде најмалку метар и половина, а помеѓу масите најмалку три метри, рече Божиновиќ.

Слични содржини