Завршните зборови за „Трезор“ закажани за 22. март

315 прегледи

На 22. март се закажани завршните зборови за случајот „Трезор“, кој е врзан за злоупотребата на средства од државниот Буџет.

Во рамки на денешното последно рочиште од доказната постапка, сведочеше Ненад Јосифовиќ, инаку вработен во Орка Холдинг, против кој СЈО своевремено покрена обвинение во случајот „Империја“, по што беше и притворен.

Со сослушувањето на целокупната листа сведоци, Судот констатираше дека доказната постапка заврши и ги закажа завршните зборови на обвинителството за 22 март 2021 година, додека, завршните зборови на одбраната за 29 март 2021 година.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

 

Слични содржини