Воведувањето ковидни пасоши на територијата на Европската унија би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
– Излезе дека оваа идеја е спротивна на правилата на демократијата, бидејќи во земјите на Европската унија има одлука дека вакцинацијата е доброволна. Доколку се воведе „пасош на ковид“, тоа ќе биде во спротивност со принципот на доброволност. Ова значи дека луѓето ќе бидат принудени насилно, ако луѓето, се разбира, сакаат да патуваат, а во Европа, без движење меѓу земјите-членки на Европската унија, населението тешко може да си ги замисли своите животи – истакна Лавров.
Тој додаде дека одлуките на Европската унија во врска со можното воведување на козидни пасоши не треба да ги дискриминираат граѓаните на Русија, пренесува Спутник.
– Сè уште не можам да кажам ништо за тоа како ова ќе влијае на можностите на граѓаните на Русија. Мора да почекаме за конечно решавање на ова прашање. На наше ниво, ги информиравме колегите од Европската унија дека сметаме на донесување одлуки што нема да ги дискриминираат руските граѓани – одговори Лавров на прашањето на новинарите да ја коментираат идејата на Европската унија за воведување на ков пасоши во Европа.
Според него, „ќе биде можно да се каже нешто поконкретно кога оваа идеја ќе добие барем некои прелиминарни конкретни карактеристики“.
– Да видиме како ќе заврши. Се надевам дека одлуката ќе биде донесена земајќи ги предвид ставовите на земјите-членки, а не да им се наметнува. Факторот на доброволна вакцинација е многу сериозен – заклучи тој.
Германската канцеларка Ангела Меркел претходно изјави дека лидерите на Европската унија се согласија за неопходноста од воведување на сертификат за вакцинација.