Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава покани осум лица да му се придружат на патување околу Месечината во ракета на SpaceX на Елон Маск.
„Сакам да ми се придружат луѓе од различни групи“, рече тој во видеото што го објави на Твитер, заедно со деталите за пријавата.
Милијардерот најави дека тој ќе плати за целото патување, па секој што ќе му се придружи ќе лета бесплатно. Летот е планиран за 2023 година.
Кандидатите мора да исполнат два критериума: тие треба да напредуваат во „било која активност“ со која се занимаваат „за да им помагаат на други луѓе и на општеството како целина на некој начин“, и треба „да бидат подготвени да ги поддржат другите членови на екипажот во нивните аспирации“, навел тој , пишува Би-Би-Си.
Watch this video to learn more about the selection process. It also contains a special message from @elonmusk #dearMoon
↓Check the full versionhttps://t.co/i3ucR6BB44 pic.twitter.com/B3d8g0JvvP
— Yusaku Maezawa (MZ) (@yousuckMZ) March 2, 2021