Најавено масовно самоубиство на ТикТок: Интерпол издаде предупредување

од Nikola Popovski
446 прегледи

Министерството за внатрешни работи на Република Српска упатило апел до сите родители да ги проверат активностите на нивните деца на социјалните мрежи, откако добиле известување од Интерпол дека на „ТикТок“ за денеска е објавено масовно самоубиство на млади на оваа социјална мрежа.

Затоа, Министерството апелира до сите родители, особено оние кои знаат дека нивните деца се активни на социјалните мрежи и имаат профил на ТикТок, веднаш да ги проверат активностите на нивните деца на социјалните мрежи. Исто така, да им се посвети посебно внимание деновиве, односно да имаат постојан надзор“, апелираат од Министерството за внатрешни работи до родителите.

Министерството за внатрешни работи забележува дека според досега собраните информации, овој повик се однесува на локална ТикТок група во Русија, но дека за да се спречат какви било негативни последици, потребна е максимална претпазливост, пренесува „Српска инфо“.

„На територијата на Република Српска, веќе се вршат проверки на наведената информација, односно дали имало регистрирани извештаи дека се споделува споменатата или слична содржина“, заклучило Министерството.

Слични содржини