Неверојатни сцени од теретана: Луѓе тренираат со жива музика и турбо фолк (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
560 прегледи

Вирално видео од настап во живо, направено во теретана во Србија, кое се шири на социјалните мрежи, насмеа многу луѓе.

На прв поглед, обичен ден во теретана, едни креваат тегови, други трчаат на трака … се додека не го вклучите звукот и не го слушнете познатиот хит, а камерата прикажува пејач кој заедно со клавијатурист, има настап во живо во просторијата во која се вежба.

„Се чини дека бидејќи времето на кафулињата и барови е ограничено поради коронавирусот, луѓето се обидуваат да направат се што е во нивна моќ само за малку повеќе да се забавуваат, иако ваквото однесување сигурно не е препорачано или оправдано, особено не на денот кога преминавме 4000 новоинфицирани со коронавирус“, пишуваат дел од српските медиуми.

Видеото првично било објавено на ТикТок, од каде се проширило на другите социјални мрежи и очигледно добро ги забавува нивните корисници.

Слични содржини