Акционерите на Алкалоид ќе добијат дивиденда за 2020 година во висина од 360 денари нето, односно 400 денари бруто за акција, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 20-ти април. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 21-ви април.
Датум на стекнување на право на дивиденда за минатата година е 22-ри април, додека исплатата ќе започне од 19-ти мај.
“Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на четврти март донесе предлог одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2020 година во износ од 400 денари бруто, односно 360 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 360 денари бруто, односно 324 денари нето е поголема за 11% на нето основа“, стои во Образложението на предлог одлуката за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2020 година.
Собранието на акционери на Алкалоид е планирано да се одржи на петти април во деловните простории на компанијата.