Османи: Со верските заедници обезбедивме поддршка за поширока информираност на дијаспората

496 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со предводниците на верските заедници во Република Северна Македонија на која се разговараше за текот и активностите на Пописот 2021 година, кој од 1-ви март започна да се спроведува за неколку категории на државјани на Република Северна Македонија, меѓу кои и за дијаспората. Средбата се одржа во Клуб на пратеници, а на неа присуствуваа и Директорот на државниот завод за статистика, Симевски, Директорот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, Сотировски и Директорот на Агенцијата за иселеништво, Близнаковски.

“Ги повикав верските предводници на средба и запознав со процесот, да ги преставиме нашите активности, и секако, да замолам за поддршка, еден вид јавен повик од нивна страна, со цел уште поширока потемелна мобилизација на нашите граѓани во процесот на попишување. Верските заедници имаат развиена мрежа низ бројните центри во светот каде живеат нашите граѓани, како и истакнат авторитет меѓу нашата дијаспора, и нивниот придонес за успешност на овој процес го сметам за исклучително важен. Имавме продуктивен разговор, и на мое лично задоволство, сметам дека денес обезбедивме значајна поддршка која ќе придонесе за уште поширока информираност на нашата дијаспора”, истакна Османи.

Во истата насока на средбата беше и Директорот на Агенцијата за иселеништво, како надлежна институција со широка мрежа на контакти што ги имаат со иселениците, со нивните здруженија и организации.  Нивното вклучување со активности и логистика насочена кон нашата дијаспора, би значела придонесе за успешност на овој процес.

Османи на средбата зборуваше за важноста на вклучувањето на дијаспората, за нивното само-попишување, за масовноста во овој процес, што бо било во насока на давање подобра слика за дистрибуцијата на нашите граѓани во странство и во тој контекст, потенцираше:

“Ќе добиеме слика за нивната комуникација со земјава како и за нивните потреби од услугите на државата; ќе добиеме слика за нивните амбиции, дали за останување во земјата каде се наоѓаат, или уште подобро, за потенцијалите или можностите да се вратат назад во земјава; ќе добиеме информација и за нивната квалитативна, демографска, образовна, социјална структура, сѐ се ова важни информации кои ќе ни помогнат како држава, како општество да ја засилиме комуникацијата и да креираме реални политики насочени кон дијаспората”.

На крајот од средбата Османи нагласи дека овој процес не треба да биде ексклузивен, туку напротив, преку заедничка, инклузивна соработка каква што е оваа денеска, но и натаму низ текот на целиот процес, со вклучување на сите учесници во општествениот живот, за да се реализира целта, да имаме успешен попис.

Слични содржини