Многу компании во Германија се пред банкрот и преживуваат само благодарение на помошта на државата, а економските експерти проценуваат дека такви се 25.000 компании.
Финансиската помош според системот „капка по капка“ беше и сè уште е стратегија со која Германија се обидува да ги ублажи тешките последици од корона-кризата. Финансиската помош, сепак, само го одложува банкротот, пишува Дојче веле.
Економските експерти стравуваат дека ова може да заврши со бран на банкроти штом државата престане да помага.
„Апсолутно е разбирливо дека компаниите кои наидоа на проблеми поради заклучувањето се финансиски поддржани“, вели експерт од Институтот за европски економски истражувања во Лајбниц од Манхајм (ZEW)
„Покрај трошоците измерени во милијарди, недиференциран пристап може да има негативно влијание врз среднорочниот економски раст и развојот на продуктивноста во Германија“, додава в.
Покрај тоа што даде милијарди помош, официјален Берлин донесе одлука и да се стави крај на обврската за поднесување барање за банкрот. Компаниите обично треба да поднесат барање за стечај во рок од три недели во случај на неликвидност. Германската влада го укина правилото минатиот март, прво до крајот на септември, а потоа до крајот на 2020 година.
Сепак, во изменетата форма, правилото важи до крајот на април годинава, за компаниите кои поднеле барање за помош од 1 ноември до 31 декември поради штетата што ја претрпеле поради пандемијата, а која можела да избегне банкрот со таа помош.
Во индустриите кои беа особено погодени од кризата, во стечај отидоа помалку од половина фирми,колку птосе очекуваше лани.
„Оваа разлика е особено забележлива кај малите компании, оние со помалку од десет вработени. И колку се поголеми компаниите, толку е помала разликата“, објаснува Георг Лихт, раководител на Одделот за иновативна економија и истражување на динамика на претприемачи на институтот ZEW.