Првиот пост на Твитер што некогаш се појави на профилот на нејзиниот основач и сегашен извршен директор Џек Дорси во 2006 година, беше продаден како NFT токен.
NFT (Non-fungible) токени se базирани на блокчејн кои не можат да се заменат со ништо друго и се единствени. Таквите токени често се користат за дигитални колекционерски предмети.
Некои ентузијасти на социјалните мрежи се подготвени да потрошат цело богатство.
just setting up my twttr
— jack (@jack) March 21, 2006
Скоро 15-годишната порака на Дорси „Само што го објавувам мојот твит“ привлече огромни понуди откако тој објави серија твитови наречени „Вредности“. Интензивната војна што се водеше за време на наддавањето ја „турна“ објавата на ко-основачот на Твитер на 363 000 американски долари.
Можно е понудувачот кој понудил најмногу за познатата објава, всушност да купи „сертификат за дигитален твит“.