Ивановска: ДКСК отвори предмет за набавката на софтверот врзан со Драги Рашковски

395 прегледи

Во рамки на предавањето на новите простории кои ќе ги користи Државната комисија за спречување на корупција, претседателката на истата, Билјана Ивановска изрази задоволство што полека се решаваат сите предизвици кои стојат пред комисијата.

Во однос на софтверот кој бил набавен за потребите на МВР, од страна на тогашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, Ивановска потврди дека по наводите во медиумите е покренат предмет во ДКСК.

„По изнесените информации во медиумите на денешниот колегиум отворивме предмет, сметајќи дека има доволно елементи за истражување за причините за набавката од една страна, а од друга страна и зошто тој се уште не е во употреба и она што беше ризично од наш апсект беше несоодветната комуникација помеѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите. Тоа беа основните елементи по кои што отворивме предмет по допрен глас од медиумите“, истакна Ивановска.

Слични содржини