177
Во Бразил 1.972 лица починаа како резултат на инфекција со коронавирусот во вторникот, што е најголем број на смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, објави Министерството за здравство на таа земја.
Од последниот пресек, според Ројтерс, бројот на заразени е зголемен за 70.764.
Вкупно 11,12 милиони луѓе се заразени во Бразил, а досега починаа 168.370 лица.