Бајден: Ќе имаме вакцина за секој Американец

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Соединетите држави се на добар пат да имаат доволно вакцини против овид-19 за секој возрасен до крајот на мај, соопшти претседателот Џо Бајден.

Бајден, исто така, им оддаде почит на „Џонсон и Џонсон“ за нивниот успех во правењето на вакцината во соработка со компанијата „Мерк“.

„Не се само „Џонсон и Џонсон“ и „Мерк“. Постојат и Фајзер, Модерна, кои соработуваа тесно со нас за да ја забрзаат испораката на милиони дози низ целата земја. Резултатот е дека сме на добар пат да ги вакцинираме сите возрасни Американци до крајот на мај, неколку месеци порано отколку што многумина очекуваа“, рече Бајден, цитиран од Си-Ен-Ен.

Бајден денес изјави дека ќе се обрати до Министерството за здравство за да обезбеди дополнителни 100 милиони дози вакцини „Џонсон и Џонсон“.