Во организација на Фондацијата Отворено општество, денес ќе се оддржи секторска консултација насловена како „Ефектите од работата на Секторската група за конкурентност и иновации и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“.
Инаку, оваа секторска консултација е дел од проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ и ќе се оддржи преку онлајн конференциска врска.
Како што најавуваат од ФООМ, говорници на настанот ќе бидат заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, Нада Наумовска – програмска координаторка од ФООМ, Сабина Факиќ – програмска директорка во Центарот за граѓански комуникации, Јадранка Аризанкова – виш советник во Стопанска комора на РСМ како и претставник од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).