Полицијата го бара човекот кој прска врата на зграда во Тетово со непозната материја

од Берта Китинска
212 прегледи

Станари од зграда во Тетово во полиција пријавале невообичаена појава снимена на безбедносните камери, при што се гледа сомнителен потег на човек кој ја прска влезната врата од објектот и бега со трчање.

Од СВР Тетово потврдија дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за идентификување на стпорителот. Снимката од безбедносните камери се споделува на социјалните мрежи.

Зградата е спроти спортскиот центар во Тетово на улицата „Борис Кидрич“. Во неа има 64 станови живеат околу 300 лица.